Мото клубот Вардар слави 41 година од своето формирање.
Вања Битуљану е првиот претседател, но по само една година, неговото место го завзема Васил Николовски, еден од најуспешните мото-крос возачи во Македонија и еден од најголемите работници во мото-кросот и воопшто - мотоциклизмот во Македонија. Тој успешно го водеше клубот се до својата смрт во 2014-та година.
Во сабота (21-ви септември), мото клубот Вардар ќе го прослави својот 41-ви роденден. Местото на настанот е во просториите на клубот на патеката Орман во Скопје, со почеток од 14.00 часот. Добредојден е секој мотоциклист или љубител на мотоциклите, пријател на клубот.
Среќен роденден - Мото Клуб Вардар!
Би можело да ве интересира
По долгата пауза најголемиот циркуз на 2 тркала се врати во Британија, со одлични трки во трите класи.
Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.
Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција.
Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.
Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.
Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија.