MV Agusta го најави своето враќање во Супербајк шампионатот во соработка со Yakhnich Motorsport, а денеска го објави и тимот со кој ќе се натпреварува во Супербајк и Суперспорт класите.
Тимот на Априлија изврши дводневно тестирање на новиот мотор со кој ќе се натпреварува во 2014 година во Супербајк шампионатот, но она што беше по интересно секако е запознавањето на нивниот нов член, Марко Меландри со моторот.
Тимот на „Crescent Suzuki“ објави дека Јуџин Лаверти, човекот кој имаше прилика да му ја одземе титулата на Том Сајкс, од следната сезона ќе ја замени својата Априлија за Сузуки.
Возачот на Кавасаки тимот во Супербајк шампионатот го зголеми водството во генералниот пласман со победата на првата трка која се возеше во САД на патеката Лагуна Сека.
Одличните трки во Истанбул донесоа уште поголема неизвесност во генералниот пласман, од првиот до четвртиот возач има разлика од само 31 бод, на три рунди до крајот на сезоната.