Распоред за следење на МотоГП Асен
По трката во Чешка, MotoGP караванот се сели во Холандија, каде што продолжува сезоната со Tissot Гран...
Италијанскиот сенат вчера го одобри новиот закон кој главно е насочен кон подобрување на економијата на земјата од 2013, но во него стои и дел кој е интересен за нас. Имено, според новиот закон кој стапува на сила на 18-ти декември, сите скутери, мотоцикли и трицикли со зафатнина до 125цц треба да имаат барем опционален „ABS“ систем.

Роки и Саша Штрбац, младенци кои имаат српско потекло, во просториите на Српската народна одбрана во Австралија организираа сведба, но местото беше простор за пресметка меѓу моторџиски банди. Во пресметката убиен е Фало Пису (23), член на моторџиската банда „Comancheros“, а двајца се ранети.
Претседателот на Хонда, г-н Таканобу Ито, официјално ја потврди работата на нов модел од Хонда кој се очекува да биде спортски мотор со V4 агрегат. Новиот модел треба да ја продолжи историјата на RC30, моделот кој беше претставен во 1987-та година и кој претставува вистинска тркачка машина легална за возење по улица.