На мото шоуто EICMA во 2015 година, дебитираше Husqvarna 701 Vitpilen како нео-ретро модел кој ни покажа нова насока на уличната линија на Шведскиот производител. Денеска гледаме дека ќе дебитира и моделот „Svartpilen“ 701, а од неколкуте фотографии веќе можеме да видиме како отприлика ќе изгледа тој.
Во последно време има многу гласини во однос на тоа дали Ducati е на продажба и кој би можел да биде идниот сопственик на легендарниот Италијански бренд. Речиси секој голем производител на мотоцикли во изминатиов период е поврзан со купување на Ducati Motor Holding. А сега можеме да додадеме уште една компанија на тој список, MotoCorsa.
Да бидеме искрени, силниот звук од издувот нема да ве спаси ако лицето кое управува со нов автомобил го пуштил звучиот систем најгласно и гледа на својот телефон додека вози. Но не грижете се бидејќи Bosch развива систем кој ќе ги предупредува возачите.
Симулаторите за автомобили и авиони не се нешто ново. Ги има во различни конфигурации во зависност од тоа колку планираш да потрошиш. Дури можеш и да купиш некој високо технолошки симулатор кој ги имитира движењата на вистинска машина. Сепак, да се изгради нешто такво за мотоцикл е малку покомпликувано.
Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.