Макпетрол започна со увоз на гуми за мотори од добро познатиот производител Данлоп. Во салонот на Хонда веќе се изложени првите примероци кои пристигнаа во земјава, а останатата количина се очекува да пристигне за 10-на дена.
Мото клубот Носачи на Крстот (Cross Bearers) од Велес оваа сабота ќе биде организатор на третата по ред „Moto Beach Party“. Забавата ќе се одржи на 12-ти Мај со почеток во 14 часот на брегот на Езерото Младост во Велес.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по 83,50 денари за литар, a Еуросупер БС-98 по 85,50 денари. Цените на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.
Американецот Хенри Волф неделава ќе ја предаде својата тужба во САД во која тврди дека поради својот БМВ мотор две години имал константна болна ерекција. Хенри бара од компанијата парична оштета за претпрпена физичка и психичка болка
Повозрасните кои делумно својот живот го поминаа во „бившата“ држава, пред осамостојувањето на Македонија го паметат Цеље како Саемски град. Поточно Саемски центар, место во кое обично се одржуваа сите позначајни индустриски..
Максима е новиот застапник за Keeway во Македонија. Промоцијата на новите модели ќе се случи во сабота (21.04) во салонот на Максима лоциран на Качанички Пат б.б. по патот од Скопје кон Косово.