Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување нa награди и признанија која делува во рамките на Советот на Општина Куманово, денес донесе одлука, Ноемвриската награда да ја додели на седум субјекти, меѓу кои се вброи и кумановскиот Мото Клуб ”Мечки”. Наградата ја доделува Општина Куманово во чест на 11 Ноември – Ден на ослободување.