- Напишано од: Motori.com.mk
- Посети: 530
Марк Маркез ја однесе победата на спринт трката во рамките на Големата награда на Сан Марино, 14-тата рунда од овогодинешниот MotoGP шампионат. Со овој триумф, актуелниот шампион дополнително ја намали разликата во генералниот пласман во однос на лидерот Хорхе Мартин.