- Напишано од: Motori.com.mk
На sliki.com.mk се додадени повеќе од 500 слики од квалификациите и трката која викендов се одржа на патеката Милци во Гевгелија, на која се возеше за Источно Европскиот Шампионат во Мотокрос.
На sliki.com.mk се додадени повеќе од 500 слики од квалификациите и трката која викендов се одржа на патеката Милци во Гевгелија, на која се возеше за Источно Европскиот Шампионат во Мотокрос.
ФИМ ги објави последните промени на предложениот календар на трки за 2008. Трките во Валенсија и Португалија се преместени за една недела порано, трките во Јапонија и Австралија си ги заменија закажаните термини. Во продолжение ќе го погледнете новиот календар.
Кејси Стонер ја извојува десеттата победа во сезоната, и со тоа остана непоразен откако ја освои титулата пред две трки. Меландри ја заврши трката на второто место и покрај проблемите со цевчето од водата за пиење кое било дупнато па водата му прскаше во очите. Дени Педроса се пласираше на третото место.
Американскиот Супербајк шампион Бен Спиз е навистина блиску до возење на последната трка во МотоГП преку вајлд карта. Сузуки потврди дека Американецот ќе тестира за нив по Малезиското Гранд При. Спиз има 23 години и минатиот месец го победи тимскиот колега Мет Младин при што ја обезбеди втората последователна титула во АМА натпреварувањето.
Џејмс Тозленд, 24 годишниот Британец на последната трка во Супербајк, во Франција, ја освои втората титула и покрај освоеното шесто место. Норијуки Хага, победникот на денешната трка во генералниот пласман на крајот од сезоната е само два бода зад Тозленд. Од наредната сезона шампионот во Супербајк ќе се натпреварува во МотоГП за екипата на Јамаха.