Возачот на Хонда и актуелен Светски шампион, Марк Маркез, продолжи со својата доминација во МотоГП шампионатот освојувајќи ја третата пол позиција во третата рунда од сезоната.
Како што беше очекувано, веќе на вториот тренинг во Аргентина времињата на сите возачи се подобрија, а Марк Маркез беше единствен возач на патеката со време под граница од 1:40.00
Хорхе Лоренцо забележа најдобар резултат на првиот тренинг пред трката за големата награда на Аргентина која во недела се вози на патеката „Termas de Rio Hondo“.
Заради повредите на раката со кои се здоби на трката во САД, возачот на Дукати Кал Крачлоу нема да настапи на трката во Аргентина која се вози овој викенд.
Актуелниот шампион во Супербајк шампионатот, Том Сајкс, повторно го искачи Кавасаки на челната позиција по двојната победа на патеката Арагон во Шпанија.