Викендов на патеката Тројан во Бугарија се возеше последната трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос, во класата МХ1 нашиот Христијан Илиоски забележа победа, но за жал тоа не беше доволно за првото место во генералниот пласман.
Христијан Бузалковски - Бузо во класата SP 125 на Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам го освои третото место во генералниот пласман во својата прва сезона.
Тимот на Јамаха денеска објави дека се враќа во Светскиот Супербајк шампионат почнувајќи од 2016 година во соработка со „Crescent Racing“ и спонзорот „PATA“.
Првата трка од отворениот домашен шампионат во мотокрос ќе се одржи на 27-ми септември (недела) на патеката Братиндол во Битола со почеток од 11 часот.
Викендов на патеката Плевен во Бугарија се возеше последната рунда од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам и супермото на кој настапија четворица натпреварувачи од Македонија.
Том Паже од Франција и Клинтон Мур од Австралија имаа жесток дуел во финалето на натпреварувањето одржано пред 17-илјадната публика во Преторија, при враќањето на светското турнеја на Red Bull X-Fighters во Јужна Африка.