Валентино Роси во голем стил ја заокружи сезоната 2016 откако успеа да ја одбрани титулата на релито во Монца. На крајот тој заврши со предност поголема од 20 секунди пред возачот на Хјундаи, Дани Сордо.
Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.
Објавен е првичниот календар за сезоната 2017 во Супербајк шампионатот. За разлика од календарот во MotoGP кој остана непроменет, во Супербајк серијата има неколку промени.