Маверик Вињалес постигна најдобро време на тестот кој се оддржа веднаш по трката во Валенсија. Возачот на Yamaha кој настапи со новиот модел М1, беше за речиси половина секунда побрз од актуелниот шампион Марк Маркез. Успешен ден имаше и вториот возач на тимот, Валентино Роси кој заврши на третата позиција. Актуелниот Moto2 Светски Шампион, Пеко Бањаиа беше најдобар помеѓу дебитантите и заврши на единаесетата позиција наспатувајќи со Pramac Ducati.
Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.
Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.