Една од поинтересните приказни кои ги следиме во пресрет на новата сезона од Светскиот Супербајк шампионат е пристигнувањето на BMW Motorrad во гаражите. За сезоната 2019, BMW склучи договор со Shaun Muir Racing а за тимот ќе настапат Том Сајкс и Маркус Рајтенбергер.
Petronas SRT ги претстави новите мотоцикли со кои ќе настапат во сезоната 2019. За време на презентацијата која се одржа во Куала Лумпур, тимот покрај Yamaha MotoGP машините со кои ќе настапат Франко Морбидели и Фабио Куартараро, ги прикажа и Moto2 и Moto3 мотоциклите со кои ќе настапат Каурил Идхам односно Џон МекФи и Ајоми Сасаки.