Мото клуб Свети Николе МЦЦ на ден 07.06.2014 година го организира својот прв мото собир и воедно ги поканува сите клубски браќа, пријатели и вљубеници во мотоциклизмот.

sveti-nikole-pokama

Мото клуб Свети Николе МЦЦ на ден 07.06.2014 година го организира својот прв мото собир и воедно ги поканува сите клубски браќа, пријатели и вљубеници во мотоциклизмот.

Локација: Нов Градски парк (41.861912, 21.938408) Свети Николе (за местото на собирот можете да се ориентирате спрема големиот јарбол со знаме кој е видлив од сите делови на градот).

Обезбеден е простор за кампирање за сите учесници на собирот.

Членовите на Свети Николе се пристутни на сите собири од формирањето на клубот па ред е да се испочитуваат како домаќини. Сигурни сме дека ќе биде незаборавна забава, затоа во сабота (07.06.2014) правец кон Свети Николе.

Во продолжение и агендата за собирот:

15:00 - Отварање на собирот

17:00 - Дефиле

18:00 - Мото игри

19:00 - Настап група АДРЕНАЛИН (Свети Николе)

20:30 - Доделување на благодарници на учесници

21:00 - Настап група МОРФИУМ (Свети Николе)

22:30 - Настап група OVERDOSE (Куманово)

Мото клубот Свети Николе ги кани сите добронамерници и пријатели, љубители на мотоциклите да бидат дел од првиот мото собир на клубот.

Back To Top