Во организација на Мото Клуб ”Мечки” од Куманово и  Еуро Бајкер од Германија, во кумановската Општа Болница пристигна големата хуманитарна пратка од пет товарни возила – шлепери, наменета за помош на болницата, Домот за стари лица ”Зафир Сајто”, како и за Дневниот центар за децата со посебни потреби до 18 години.

mk-mecki-pomos

Во организација на Мото Клуб ”Мечки” од Куманово и  Еуро Бајкер од Германија, во кумановската Општа Болница пристигна големата хуманитарна пратка од пет товарни возила – шлепери, наменета за помош на болницата, Домот за стари лица ”Зафир Сајто”, како и за Дневниот центар за децата со посебни потреби до 18 години. На примопредавањето на хуманитарната пратка присуствуваа сите членови на Мото клубот ” Мечки”, претставник на Мото Клуб од Германија – Бајкер Брумихилфе, претставник на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика, Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, Секретарот Валентина Алексовска, претставници  на политички партии од градот, како и целокупниот персонал на кумановската болница и Директорот Ариф Љатифи.

Примопредавањето на пратката започна напладне и се уште трае, односно, дел од помошта ќе остане во кумановската болница, а дел ќе биде транспортиран и во Домот за стари лица и Дневниот Центар. Целокупната финансиска поддршка на овој настан, како и организацијата на двата Мото Рок фестивали вчера и денес е од кумановскиот Мото клуб ”Мечки” кои досега во градот имаат организирано повеќе хуманитарни настани.

- Целокупната пратка наменета за Косово, Албанија и Македонија е спакувана во 17 товарни возила, од кои пет се наменети за Куманово. Пратката содржи болничка опрема, инвалидски колички, маси и столици за Дневниот центар, три рентген апарати, клупи, кревети, специјални хидраулични кревети за непокретни лица, светла за операциони сали, гинеколошки столови, и уште болничка опрема која е веќе користена во Германија, но е во употреблива состојба и ќе биде рационално искористена за потребите на трите установи, вели за Кумановски Муабети, Јовица Гиновски, Претседател на Мото Клуб ”Мечки” и претставник на Еуро Бајкер за Македонија.

Останатите 12 шлепери веќе утре заминуваат во Косово и Албанија, а по повод пристигањето на помошта, клубот вечерва на Спомен Костурница во Куманово, ќе одржи голем Рок Фестивал, а средствата соберени од продажбата на пијалоците, ќе биде испорачана на Здружението ”Порака Наша” од Куманово кои побарале средствата да бидат уплатени со цел Здружението да набави храна за нивните штитеници, вели Гиновски.

Во изјава за медиумите, Претседателот на Мото клубот од Германија, Бајкер Брумихилфе додаде дека ни би знаел која е точната вредност на денешната пратка, но го радува фактот што од возење мотор и дружба со кумановските моторџии, довела до тоа да се оствари планот за доставување хуманитарна помош на овие простори.

Директорот на Општа Болница од Куманово, Ариф Љатифи подвлече дека денешната пратка ќе биде рамномерно распоредена на сите одделенија, и со оваа помош, квалитетот на услугите што ги нуди кумановската болница за сигурно ќе се подобрат.

Кумановскиот Градоначалник, Зоран Дамјановски ја потенцираше важноста на ваков вид помош за градот и нагласи дека во Куманово, оваа е четврта по ред хуманитарна помош, и целокупната акција е поддржана од локалната самоуправа, со надеж дека ваквиот тренд на помагање на институциите ќе продолжи и во иднина.

Извор: Кумановски Муабети

Back To Top