Со огромно задоволство и ентузијазам, Triumph Motorcycles, светски познатата британска марка за мотоцикли, Ве поканува на отворен ден на својот нов салон во Скопје на 24 Јуни. Ова е значајна можност не само за нас како компанија, туку и за сите љубители на мото-културата во Скопје и Македонија.

Triumph Open Day е настан кој ќе Ви овозможи да ги запознаете најновите модели на Triumph, нашите простории вклучувајќи го и нашиот современ сервисен центар, комплетно обезбеден со најновите технологии за одржување и сервисирање на Вашите возила.

viber image 2023 06 19 08 28 57 111

Oва ќе биде прослава на мото-културата и отворена дружба зачинета со вкусна скара и ладно пиво. Ова е идеална можност да се споделат искуства и приказни на две тркала, да се збогатат нашите страсти и да се ужива во безгрижноста и еуфоријата на мотоциклизмот.

Ве очекуваме на 24 Јуни во нашиот нов салон, во срцето на Скопје, за да го прославиме овој важен настан и заедно да го искусиме вистинскиот дух на Triumph.

viber image 2023 06 19 08 29 26 562

Back To Top