Во знак на благодарност за досегашната соработка и продлабочување на истата Градот Скопје им подари симболична донација од 5 скутери SYM Symphony 50 SR на скопските полицајци.

mkd-129637

Во знак на благодарност за досегашната соработка и продлабочување на истата Градот Скопје им подари симболична донација од 5 скутери SYM Symphony 50 SR на скопските полицајци.

Донацијата денеска ја прими министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Градоначалникот Трајановски истакна дека тие и досега постојано одржувале состаноци со МВР и најави дека на едена таква средба било заклучено дека соработката помеѓу мобилната полиција и претставници од месните заедници како најниска клетка на општината ќе биде засилена и ќе се овозможи поголема безбедност во Градот Скопје.

Министерката Јанкулоска изрази благодарност за донацијата и заклучи дека таа е потврда за досегашната континуирана координација помеѓу МВР и Град Скопје и нагласи дека денешната средба била искористена за разговор за заедничките приоритети и проекти во периодот што следува кои се однесуваат на јавниот ред и мир, безбедноста во Скопје и состојбите во сообраќајот.

-Такви проекти се заедничките соседски патроли каде што освен припадниците на МВР во соодветните општини ќе бидат вклучени и претставници на локалната самоуправа, секретарите на месните заедници, мобилните полициски станици кои практично се барање на граѓаните на градот Скопје за колку што е можно повидливо и почесто присуство на полицијата на секој дел од градот, истакна Јанкулоска.

Министерката посочи дека било разговарано и за проектите кои се однесуваат на специфични возрасни групи, младите под ризик на кои ќе им биде посветено посебно внимание заради појава на одредени асоцијални појави и девијантни однесувања на младата популација, но и помош на повозрасните лица на кои им е потребно дополнителна грижа и внимание од полицијата.

Заеднички тимови на локалнта самоуправа и претставниците на МВР во периодот што следува ќе реализираат директни посети на повозресните лица за да направат увид за тоа дали се соочуваат со некакви проблеми со нивната безбедност и воопшто да утврдат дали постои опасност за нарушување на јавниот ред и мир.

Извор: Курир

Back To Top