Штафетата која за прв пат во историјата ја пренесуваат жени-бајкерки ќе пристигне и во Македонија.

Сакајќи да „поттикне глобално сестринство од инспиративни жени кои ќе промовираат храброст, авантура, единство и страст за моторциклите од сите страни на светот и да направи нешто што никогаш не било направено“  Hayley Bell е една од основачите на WRWR (Women Riders World Relay) 2019 – мото штафета од глобален карактер во која учествуваат жени-бајкерки. Нејзината цел е да ја покаже моќта зад пазарот за жени во мото спортот.

Image 1

Штафетата која тргна од Шкотска во февруари 2019 година понатаму патува низ Ирска, Велс, Велика Британија, Шпанија, Португалија, Андора, Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Македонија, Србија, Унгарија, Словачка, Полска и така натаму, се до враќањето на штафетата во Велика Британија во јануари/февруари 2020 година.

WRWR низ нашата држава ќе помине на 3-ти и 4-ти Април 2019 година. Првиот ден ќе се вози траса Струга – Струмица, а вториот ден траса Струмица – Скопје.

Image 1 1

Штафетата ќе биде пречекана од страна на Македонските бајкерки на Албанската граница на граничниот премин Ќафасан и ќе се вози по веќе дефинираните траси. На 4-ти Април штафетата пристигнува во Скопје а на 6-ти Април ќе биде предадена на бајкерките од Србија на граничниот премин Блаце.

Овој настан е подржан од повеќе Мото клубови во државата.

Апликациите се отворени до четврток 28-ми Март.  Бајкерките кои би сакале да учествуваат а сеуште не се регистрирани може да го сторат тоа на: https://womenridersworldrelay.com/routes/

Image 1 3

Мажите се повеќе од добредојдени да учествуваат во овој настан, како поддршка и придружба.

WRWR моментално има над 15.000 членови во 120 земји низ целиот Свет, а бројот секојдневно расте.

За повеќе информации Македонските Бајкерки може да ги контактирате на фб страницата: WRWR_macedonia.

Image 1 5

Back To Top