Убави вести не ни пристигаат од Илинденска, Владата на денешната седница усвои повеќе закони меѓу кои и оние кои нам не интересираат.

На денешната седница на Владата на Македонија беше донесена измена на законот со кој повторно се овозможува легализација на половни мотоцикли како и субвенции за купување на нов мотоцикл.

DGR Skopje 2018 56

Субвенциите се однесуваат на сите нови мотоцикли купени по први јануари, кои имаат помала потрошувачка од 2 литри на 100км со цел да се зголеми домашниот буџет на граѓаните. Исто така субвенции ќе има и за сите оние кои прописно возат по Партизанска како и за сите правилно паркирани мотоцикли. За оние граѓани кои турираат на семафор без осет владата обезбеди субвенции за посета на здравствена установа за проверка на зглобовите на рацете, ушните тапанчиња и генерална проверка на психата.

Легализацијата на половни мотоцикли ќе биде возможна само за крадени мотоцикли, или оние кои немаат никаков документ, по можност крос мотори кои сега ќе добијат целосна документација и ќе можат да се возат и на автопат. За легализација на мотоцикл потребно е да имате само желба, моторот можете покасно да го донесете на технички.

За крај, да не заборавиме дека денеска е 1-ви април, за жал денот на шегата ;)

Back To Top