Мотоциклизмот ги сплоти Македонците и Грците. Околу 1.000 учесници од двете земји беа дел од првиот заеднички проект наречен „Прекугранични тркала“. И двете страни се задоволни што заеднички, преку овој проект, постигнале многу повеќе од политичарите.

mkd-gr-motorcycles-800

Мотоциклизмот ги сплоти Македонците и Грците. Околу 1.000 учесници од двете земји беа дел од првиот заеднички проект наречен „Прекугранични тркала“. И двете страни се задоволни што заеднички, преку овој проект, постигнале многу повеќе од политичарите.


- Она што е карактеристично за овој проект е тоа што тој отиде подалеку од онаму каде што политичарите на нашите држави не успеаја да стигнат. Овој проект собра луѓе од двете страни на границата на иста маса, на истиот пат и во исто место. Проектот беше составен од голем број активности на двете страни од границата. Кај нас беше организирана мотокрос-трка на патеката Милици крај Гевгелија. Во ноември 2012 година, ние три дена им бевме гости на нашите пријатели од Грција, каде што, освен посетата на мотопатеката во Серес, имавме прекрасна можност за запознавање и за разгледување на поголем број знаменитости од северниот дел на земјата - вели Ленин Јовановски, претседател на Мотоциклистичката федерација на Македонија. 

Кликнете овде за галерија од возењето до Серес и Струмица.

Проектот почна минатата година, со вкупен буџет од 289.020 евра, од кои 85 отсто се финансирани од Европската Унија за прекугранична соработка, а остаток е од Владата и од федерацијата.

- Буквално ги споивме двете страни на границата, нешто што е трајна вредност и нешто што во иднина, како од македонските, така и од грчките моторџии, нема да е само опција, туку и желба. Нашата желба е овие настани да прераснат во традиција на која сите ќе бидат горди, како и да го надминат сегашното билатерално ниво и можеби понатаму да си го најдат своето место и во глобалните календари на меѓународни настани - објаснува Јовановски. 

Кликнете овде за галерија од трката во Гевгелија.

Според него, очекуваните резултати што ги поставиле при изработката на овој проект се постигнати: направена е мрежа, воспоставен линк, а луѓето се зближени преку мотоспортот.

- Го промовиравме мотоспортот како алтернативен облик на туризам, ги мобилизиравме нашите национални институции за изградба на инфраструктурата за мотоспортот во регионот, ја зголемивме посетеноста на регионот како резултат од организираната трка. Се надевам дека еден ден ќе ја исполниме нашата цел, а тоа е да гледаме на границите како нешто што еден ден ќе постои само во сеќавањата - вели претседателот на Мотоциклистичката федерација на Македонија.

Извор: „Нова Македонија

Back To Top