Прва изложба во Македонија на тема поврзана со моторите. Изложбата ќе биде отворена од 22 до 24 март во Дом на АРМ во Скопје.

POSTER cc

Прва изложба во Македонија на тема поврзана со моторите. Изложбата ќе биде отворена од 22 до 24 март во Дом на АРМ во Скопје.

Војдан Запров е 35 годишен уметник кој досега има одржано повеќе групни изложби на разни теми, а добитник е и на повеќе награди за скулптури. Она што нам ни е интересно, е тоа што Војдан е вљубеник во мотоциклите. Долгогодишен возач низ чии раце поминале повеќе мотори, од Honda Bros до Suzuki GSX-R 1100, за во моментов да вози Honda CBR900RR.

Војдан во петок со почеток во 11 часот ќе ја брани својата магистерска работа на тема „Моторцикл: Брзина, сила, моќ...“ за чија цел изработил скулптура на спортски мотор во надприродни димензии. Бранењето на магистерската е отворено за јавноста, а изложбата која започнува во 20.00 часот во Домот на АРМ ќе трае до 24-ти март. 

Ова е одлична прилика да се посети настан од ваков калибар, на Војдан му посакуваме успешна одбрана на магистерскиот труд и повеќе изложби на тема мотоцикли, а вам ви препорачуваме да одвоите време да појдете до Домот на АРМ во Скопје.

Back To Top