Пред почетокот на сезоната за секој производител во Мотул Светскиот Супербајк шампионат беа одредени лимитите на бројот на вртежи на моторите.
Оваа сезона со нетрпение се очекува настапот на новата Хонда CBR1000RR-R (SP) која за старт ќе го добие лимитот на хомологираната верзија која е во продажба (15.600), апретходниот модел кој се уште ќе биде на патеката останува со 15050. Од постоечките модели разлика забележуваме кај Јамаха YZF-R1 која доби покачување на 14950 вртежи во минута, „според алгоритмот на успех во сезоната 2019“.
Минатата година видовме една значајна промена во која Ducati V4 доби намалување од 250 вртежи на 16100, откако имаа доминантен старт на сезоната во која Алваро Баутиста забележа 9 победи на првите три рунди.
Супербајк комисијата го воведе правилото за намалување или зголемување на бројот на вртежите кај производителите во 2018 година со цел да се добие конкурентност помеѓу возачите и тимовите.
Според лимитот кој е усвоен, тимовите сезоната ќе ја започнат според следната табела:
Aprilia: 14700
BMW: 14950
BMW 2019: 14900
Ducati V2: 12400
Ducati V4: 16100
Honda (SC77): 15050
Honda (SC82): 15600
Kawasaki: 14600
MV Agusta: 14950
Suzuki: 14900
Yamaha: 14950