Motocross

Yamaha го продолжи договорот со Џастин Барсиа и за сезоната 2018

Џастин Барсиа, кој во моментов се наоѓа на третата позиција во 2018 Monster Energy Суперкрос шампионатот потпиша договор со корпорацијата Yamaha Motor и ќе продолжи да вози за Monster Energy/Knich/Yamaha тимот и во останатиот дел од сезоната во Суперкрос шампионатот.

Следете нè на:

 

Џастин Барсиа, кој во моментов се наоѓа на третата позиција во 2018 Monster Energy Суперкрос шампионатот потпиша договор со корпорацијата Yamaha Motor и ќе продолжи да вози за Monster Energy/Knich/Yamaha тимот и во останатиот дел од сезоната во Суперкрос шампионатот. Покрај ова, тој ќе биде дел и од 2018 AMA Pro Мотокрос шампионатот кој ќе почне кон крајот на мај. Ова го објави Кит Мекарти, тимскиот менаџер на YMUS.

barcia 1 633x388

„Големо задоволство ни причинува фактот дека го продолживме договорот со Џастин и тој ќе продолжи да се натпреварува во шампионатите во мотокрос и суперкрос. Неговите резултати во изминатиот период беа одлични, токму онакви какви што очекувавме. Уште кога го потпишавме првичниот договор за само шест трки видовме колку добро возеше со новиот мотоцикл за време на тестовите и знаевме дека почнуваме нешто специјално. Веруваме во Џастин и убедени сме дека заедно ќе постигнеме големи успеси,“ изјави Мекарти.

barcia 5 585x389

Џастин пак додаде: „Кога прв пат се качив на фабричкиот YZ450F, знаев дека имам нешто со кое ќе можам да се борам за титулата. Среќен сум што имам можност да бидам дел од тимот на Monster Energy/Knich/Yamaha, а уште поголемо задоволство ми претставува тоа што ќе настапам за тимот и во остатокот од суперкрос сезоната како и низ целата мотокрос сезона. Одлично се сложувам со сите во тимот и тоа ми дава огромна самодоверба.“

Џастин и неговиот тимски колега Купер Веб сега се подготвуваат за шестата трка од 2018 Monster Energy Суперкрос шампионатот која ќе се оддржи овој викенд во Сан Диего.

Би можело да ве интересира

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!