Motocross

Џастин Барсија со прва победа во класата до 450цц

603154 574088469283361 238051552 n

Младиот и талентиран Џастин Барсија (познат под надимакот „Wild Child“) ја забележа првата победа во класата 450 во Американскиот Суперкрос шампионат.

Следете нè на:

 

603154 574088469283361 238051552 nЏастин Барсија: Продолжува со успесите и во новата класа

Младиот и талентиран Џастин Барсија (познат под надимакот „Wild Child“) ја забележа првата победа во класата 450 во Американскиот Суперкрос шампионат.

603154 574088469283361 238051552 nЏастин Барсија: Продолжува со успесите и во новата класа

Младиот и талентиран Џастин Барсија (познат и како „Wild Child“ или „Bam Bam“) ја забележа првата победа во класата 450 во Американскиот Суперкрос шампионат.

20 годишниот Барсија (#51) по потекло е Американец, роден е во Њу Јорк, а со мотокрос се занимава од 2009-та година, кога го освои 5-то место во класата 250MX. Од следната година започна да се натпреварува во две класи „ESX“ и „250MX“ забележувајќи завидни резултати, притоа освојувајќи ја титулата во 2011 и 2012 година.

Оваа сезона за прв пат се натпреварува во големата класа со тимот на Хонда, и веќе во втората трка успеа да дојде до првата победа. „Не можам да ви опишам колку сум возбуден, навистина не очекував дека победата ќе дојде толку брзо. Патеката беше одлична, а ова е прекрасна вечер за мене!“ - изјави Барсија по завршувањето на трката.

Во генералниот пласман Милсапс е сеуште водечки благодарение на победата во првата рунда, но годинава очигледно е дека не очекува возбудлив и неизвесен шампионат.

(класата 450 започнува на 29-та минута од видеото)

Резултати од трката Phoenix 450 Supercross 2013: 
1. Justin Barcia (Honda) 
2. Ryan Villopoto (Kawasaki) 
3. Davi Millsaps (Suzuki) 
4. Chad Reed (Honda) 
5. Trey Canard (Honda) 
6. Jake Weimer (Kawasaki) 
7. James Stewart (Suzuki) 
8. Ryan Dungey (KTM) 
9. Andrew Short (Honda) 
10. Josh Grant (Yamaha) 
11. Kevin Windham (Honda) 
12. Broc Tickle (Suzuki) 
13. Kyle Chisholm (Yamaha) 
14. Weston Peick (Suzuki) 
15. Justin Brayton (Yamaha) 

„450 Supercross“ генерален пласман: 
1. Davi Millsaps, 45 
2. Justin Barcia, 39 
3. Trey Canard, 38 
4. Chad Reed, 36 
5. Ryan Dungey, 33 
6. Jake Weimer, 31 
7. Ryan Villopoto, 27 
8. Andrew Short, 27 
9. James Stewart, 27 
10. Josh Grant, 21

comments

Би можело да ве интересира

Покрај рекордната продажба во САД која ја објавија минатата недела, BMW соопшти дека успеале да го надминат и рекордот на компанијата на глобалнот пазар, откако во 2017 година успеаа да продадат 164.153 мотоцикли. 

И покрај намалената целокупна продажба на мотоцикли на пазарот, Ducati имаше раст во продажбата и поголеми бројки во 2017 година

Уште еден драматичен ден на релито Дакар. Поранешниот лидер во генералниот пласман, Адриен Ван Беверен мораше да биде евакуран од етапата после тешкиот судар кој го имаше на само 3 километри до целната линија.

Возачот на Јамаха Теч 3 тимот, Јонас Фолгер, преку својот менаџер денеска го извести тимот дека нема да настапува на овогодинешниот МотоГП шампионат.

Правилникот според кој техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ, одлучува во однос на легалноста на аеродинамичните крилца нема да се промени во 2018 година.

Ducati ги следи Франко Морбидели и Франческо Бањаиа, двајца од најпросперитетните Италијански возачи во моментов, како и Светскиот шампион во Moto3 Јоан Мир.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!