- Банерот е успешно зачуван
- Напишано од: Motori.com.mk
Маверик Вињалес вели дека тој и неговиот тим Movistar Yamaha постигнале значителен напредок во развојот на М1 машината.
Маверик Вињалес вели дека тој и неговиот тим Movistar Yamaha постигнале значителен напредок во развојот на М1 машината.
Големо изненадување претставува настапот на Малезиецот Хафиз Сиахрин кој заврши на четиринаесетото место иако многумина се сомневаа во неговите квалитети кога прв пат беше објавено дека ќе биде замена за Јонас Фолгер.
Возачот на Monster Yamaha Tech 3, Јохан Зарко, не успеа да ја заврши работата која ја започна минатата година на трката во Катар поради проблем со пневматиците.
Кал Кратчлоу призна дека добриот резултат кој го постигна на трката во Катар е само првиот чекор до остварување на конечната цел, односно место за фабричкиот тим na Repsol Honda за сезоната 2019.
Данило Петручи ја започна борбата за место во фабричкиот тим на Ducati во сезоната 2019 со добар настап на трката во Катар откако во поголемиот дел тој се наоѓаше во првата група на возачи.
Валентино Роси смета дека местото на подиумот кое го освои на првата трка од шампионатот покажува дека се уште може да се бори иако има 39 години.
Според „AutoSport“, возачот на Дукати, Андреа Довициозо е во преговори со тимовите на Хонда и Сузуки.
Андреа Довициозо постигна драматична победа на првата трка која се возеше во Катар откако во последниот круг успеа да се одбрани од нападите на Марк Маркез.
Франческо Бањаиа стигна до својата прва победа во Moto2 шампионатот откако успеа да се одбрани од нападите на возачот на VR46 тимот, Лоренцо Балдасари, на првата трка од сезоната која се оддржа во Катар.
Возачот на Јамаха Теч3 тимот дојде до пол позицијата на првата трка од сезоната која утре ќе се вози на патеката Лосаил во Катар.
Двајцата возачи на Ducati, Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо, имаат иста цел во пресрет на првата трка од MotoGP шампионатот која ќе се оддржи овој викенд.
МотоГП шампионатот официјално започнува денеска со првите тренинг сесии. Погледнете го распоредот за викендот и не заборавајте, МотоГП трката во недела започнува во 17 часот по наше време.