Возачот на Јамаха Теч3 тимот дојде до пол позицијата на првата трка од сезоната која утре ќе се вози на патеката Лосаил во Катар.

Возбудливите квалификации го одбележаа стартот на новата сезона во МотоГП шампионатот. Во последните секунди од втората квалификациска сесија беше одлучен распоред за утрешната трка за Големата Награда на Катар, возачот на Јамаха Теч3 тимот Јохан Зарко забележа време од 1.53,680 што претставува соборување на рекордот на патеката кој беше во сопственост на Хорхе Лоренцо од далечната 2008 година.

DYgaLPlXkAUwuja

Зарко ќе стартува од првата позиција следен од Марк Маркез и Данило Петручи, а вториот ред ќе го започне Кал Крачлоу, следен од Андреа Довициозо и Алекс Ринс. Третиот ред го сочинуваат Дани Педроса, Валентино Роси и Хорхе Лоренцо. 

Не заборавајте, утрешната трка започнува во 17 часот по наше време со пренос во живо на СпортКлуб 3 каналот.

Back To Top