Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

За разлика од првиот тест на кој имаа заостанување од четири секунди, на вториот тест разликата се намали на само 1,5 секунди. Лидерот на проектот, Мајк Лајтнер, вели дека е задоволен од она што е постигнато.

ktm 002

„Задоволен сум бидејќи на крајот нашите возачи постигнаа добри времиња. Ова навистина ветува бидејќи настапот тука е навистина посебен и уникатен и воопшто не е лесно да се постигне добар резултат. Направивме многу тестови и целиот тим заврши одлична работа. Сакам да ги поздравам и сите вработени во фабриката. Навистина работат напорно на сите материјали кои ги тестираме. Мораме да продолжиме да притискаме. И двајцата возачи работат напорно и се движиме во вистинскиот правец.“

Смит вели дека е важно што тестираа на Филип Ајленд бидејќи патеката е поинаква од останатите.

„Ни помогна да го разбереме целиот пакет. Што се однесува на електрониката, важно е да имаме добар баланс тука поради долгите свиоци. Генерално, задоволен сум од постигнатото. Резултатот од првиот и вториот ден не беа онакви како што очекував но на крајот се чувствував многу подобро. Времето кое го постигнав беше приближно онакво какво и што очекувавме. Ќе продолжиме да работиме на електрониката.“

Еспаргаро пак очекува работите да бидат уште подобри.

„Имаме значително подобрување кај темпото а тоа е делот кој носи поени. Чувството на мотоциклот е многу подобро а времето кое го постигнавме е приближно исто со времето кое го постигнаа најдобрите возачи. Задоволен сум поради тоа. Тимот работи напорно. Инжињерите знаат што треба прават и сигурен сум дека ќе креираат нешто одлично за трката во Катар.“

Back To Top