Тимот на ECSTAR Suzuki се појави на патеката со својот нов аеродинамичен пакет и покажа како Јапонскиот производител ќе се носи со забраната за употреба на крилца.
Тимот на ECSTAR Suzuki се појави на патеката со својот нов аеродинамичен пакет и покажа како Јапонскиот производител ќе се носи со забраната за употреба на крилца.
Исто како и решенијата што ги видовме кај другите производители, Suzuki користи остри делови кои се задскриени зад надворешните додатоци со цел да го канализира струењето на воздухот и да создаде дополнителна моќност.
Решението претставува паметна адаптација на MotoGP правилникот и ваквиот одговор треба да им овозможи на тимовите да го прилагодуваат аеродинамичниот пакет во текот на сезоната без да ги нарушат правилата.
Како што напомена мојот колега Дејвид Емет, дизајнот во иднина ќе се пренесе и кај уличните мотоцикли и можеме да очекуваме дека Ducati V4 2018 ќе биде првиот мотоцикл кој ќе има вакви додатоци.
Не очекуваме од Ducati да дебитира со ова решение се до трката во Катар, а според информациите, ист е случајот и со Honda. Се дотогаш, ние можеме само да ги гледаме овие фотографии од Suzuki.