MK мотоциклисти на меѓународни трки

Старт на сезоната во мотокрос за нашите натпреварувачи во БМУ Европскиот шампионат

Со првата рунда која викендов се возеше на патеката Јаница во Грција започна БМУ Европскиот шампионат во мотокрос.

Следете нè на:

 

Македонија викендов беше претставувана од 8 возачи на првите трки од БМУ Европскиот шампионат во мотокрос.

Во класата MX (Ветерани) се натпреваруваше Борче Костов (МК Ноќни Волци), во МХ2 (и МХ2 Јуниор) настапија: Алберто Видевски (МК Ноќни Волци), Виктор Караколев (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) и Христиан Станкович (МК Ендуро Тим - Водно Скопје), а во најсилната класа МХ1 настапија: Христиан Илиоски (МК Пелистер), Гоце Томовски (МК Гого), Васко Киров (МК Ноќни Волци) и Михаил Бајовски (МК Хамачи Екстим).

motokros 18Мотокрос трка во Јаница

Во класата МХ, Борче Костов ги продолжува настапите и оваа сезона, тој во Јаница на првата трка финишираше на 15-та позиција, а на втората заврши на 14-та. Бодувањето за МХ Ветерани каде што е фокусот на „Жолтиот“ му донесе солидни бодови во генералниот пласман откако ги заврши двете трки на осмата позиција во оваа класа.

borce kostov zoltБорче Костов (МК Ноќни Волци)

Во МХ2 оваа сезона ќе ги следиме настапите на Христиан Станкович, Виктор Караколев и Алберто Видевски. Во фокусот според досегашниот успех ќе биде Станкович, но тука се и младите Видевски и Караколев кои ќе напредуваат во кариерите. Станкович првата трка во Грција ја заврши на 14-та позиција, додека Видевски и Караколев завршија на 24 и 25 позиција од 26 натпреварувачи. Вторите трки донесоа пласман погоре за Караколев кој заврши на 22-та позиција, а Видевски беше 24-ти. Станкович на втората трка заврши на 15-та позиција.

Христиан Станкович (МК Ендуро Тим - Водно Скопје)

Нашите возачи се бодуваат во класата МХ2 Јуниор и тука ги забележаа следните резултати: На првата трка Станкович беше седми, Видевски 13-ти, а Караколев 14-ти. На вторите трки Станкович го повтори успехот и заврши на 7-та позиција, Караколев беше 13-ти, а Видевски 14-ти.

Во најсилната класа МХ1 го проследивме враќањето на Христиан Илиоски на патеките. Популарниот Кико првата трка ја заврши на петтата позиција, Гоце Томовски беше 9-ти, а Васко Киров 13-ти. На вторите трки Илиоски блесна во вистинско светло и дојде до втората позиција, Томовски беше 8-ми, а Киров го повтори успехот од првата трка. Михаил Бајовски имаше проблем со мотоциклот и не настапи на трките.

goce tomovskiГоце Томовски (МК Гого)

Илиоски за мотори.ком.мк изјави: „Оваа трка беше прва во Источно Европскиот шампионат одржана во Јаница Грција. По сезоната 2016 во која се откажав во врвна форма заради немање услови и паузата во 2017, почетокот по паузата е тежок. Вредно ќе работам за да се вратам во препознатливата форма, очекувам и се надевам на подобри услови бидеќи е многу важно да се создадат за да можеш да се развиваш, работиш и носиш резултати. Очекувам соработка со новото раководство, за подобра иднина и заедништво. Јас со мојот тим Monster-shop Mxhouse Monster-shop и МК Пелистер создадовме услови за почеток, повторно нов предизвик и вложивме голем труд. Во Јаница на првата трка стартот ми беше лош направив грешка завршив петти, а во втората трка завршив втор, сега во генералниот пласман сум четврт во конкуренција на 18 возачи.“

kiko grcija 2018Христијан Илиоски - МК Пелистер

Михаил Бајовски на квалификациите возеше подобро време отколку она кое го забележа минатата година, но по дефект на менувачот тој мораше да се повчлече од трките и да остане без пласман викендов иако се очекуваше добар резултат од него.

Васко Киров прикажа солидно возење и во конкуренција на 18 возачи тој забележа две 13-ти места кои му донесоа 16 поени во генералниот пласман.

Трките продолжуваат на 21 и 22 април со втората рунда од шампионатот која се вози во Романија.

Би можело да ве интересира

„Лошо поврзаните гумени црева би можеле да се стопат, да истече горивото и да предизвика пожар“

Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!