Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионатот во брзински мотоциклизам. По свечената церемонија која викендов се одржа во Букурешт (Романија), Ивчески се врати во Скопје со пехарот од ова натпреварување.

Тој годинава настапуваше во шампионатот со својот мотоцикл Honda CBR1000RR, по 12 извозени трки сосема заслужено дојде до титулата во регионалното натпреварување и се запиша во историјата на македонскиот мотоциклизам.

cobo sampion 1

Веднаш по неговото враќање поразговаравме за плановите за следната сезона.

Честитки за освоените титула, оваа година се закити со шампионското злато во БМУ Европскиот шампионат и во Бугарскиот национален шампионат. Дали пред почетокот на сезоната се надеваше на ваков успех?
- Искрено знаев дека можам да победувам ако давам максимум на секоја трка.

Дали си задоволен од сезоната, од себе но и од мотоциклот?
- Моторот е 10 години стар и веќе изморен, има проблем и со менувачот, а го возев и со стандардни кочници но беше ок. Следната година

Каков е планот за следната сезона?
- Очекувам поддршка од сите кои можат да помогнат, одиме на втора титула во 2018!

24273621 525007027868441 1894579852406802432 o

Кој беше покрај тебе оваа сезона?
- Имав помош од блиски другари и пријатели кои веруваат во мене.

Дали би се обидел и во некој од повисоко рангираните шампионати?
- Мојата цел е да настапам на трка од Светското првенство со конкурентен мотор.

Останува ли Цобе верен на својата Хонда или треба да очекуваме нов мотоцикл за 2018?
- Следната година ќе настапувам со нов мотор, нема да биде Хонда.

Дали ќе го промениш бројот на моторот, односно дали ќе настапуваш со бројот 1 кој ти следува?
- Бројот 1 ќе стои на новиот мотор заслужено

cobo sampion 2

На гала свеченоста во Букурешт на која беше прославена и 90 годишнината од мото спортот во Романија, Ивчески беше во друштво на шампионите од останатите класи. 

Цобо во понеделник (11-ти декември) ќе отпатува за Софија на церемонија на која ќе му биде доделен и пехарот за освојувањето на шампионската титула во класата F1000 и во Бугарскиот национален шампионат.

Back To Top