Само два дена по трагичната сообраќајка во Прилеп кога животот го загуби Зоран С. удирајќи со својот мотор во автомобил, се случи тешка сообраќајка на бул. Борис Трајковски во Скопје во која животот го загуби едно момче, а другото сеуште е во тешка состојба.

soobrakajka222

Сообраќајката се случила околу 15 часот, на булеварот „Борис Трајковски“, кога момчињата кои биле на моторот, без кацига, се забиле во патничко моторно возило марка Ситроен Берлинго.

Според тврдењата на очевидците кои се нашле на местото на несреќата, моторот се движел со брзина многу поголема од дозволената и вртејќи низ кривината, удрил во возилото.

Со моторот управувал 23-годишниот И.Б. од Скопје, а негов сопатник било момче родено 1990 година со иницијали Н.К. Според податоците, едно од момчињата кои биле на моторот, им подлегнало на повредите во болницата.

Да повториме, НОСЕТЕ ОПРЕМА ПОСТОЈАНО И ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО, кацигата е за на глава, не за на резервоар или за дома, дури и да го возите моторот на кратка релација, НОСЕТЕ КАЦИГА!

Back To Top