Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на булеварот Рузвелтова во Скопје при која мотоциклист удри во Југо кое вртело непрописно, преку две полни линии.

soobrakjajka-2 

Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на булеварот Рузвелтова во Скопје при која мотоциклист удри во Југо кое вртело непрописно, преку две полни линии.

Возачот на југото вртел полукружно во моментот кога П.П. од Охрид со својата Јамаха удрил во предниот десен дел на автомобилот. При самиот удар возачот ја загубил ногата, а потоа завршил во паркиран автомобил на тротоарот. Според зборовите на очевидците, кацигата не му била врзана па од ударот му летнала и при падот се здобил со повреди на главата.

Брзата помош пристигнала за 15 минути иако локацијата е на 2 км од Воената Болница. Моторџијата бил свесен по падот, а благодарение на присебните минувачи кои му помогнале да ја преврзе ногата, било спречено тој да искрвари.

Мотоциклистот е сеуште во тешка состојба, со ампутирана нога. Иако бил пренесен во болница со до коска скината нога извршена му е комплицирана операција со која е можно да се спаси ногата, но за исходот ќе треба да се почека неколку дена. Искрено се надеваме дека ќе ја преживее несреќата, а виновникот ќе ја добие заслужената казна.

Запомнете, возете внимателно, отворете ги очите, внимавајте на неписмените возачи на автомобили и секогаш носете соодветна опрема!

Back To Top