Motordzii1Весело беше денеска во Дневниот центар за деца со посебни потреби. 

Motordzii1 copyВесело беше денеска во Дневниот центар за деца со посебни потреби.

Штитениците во центарот се израдуваа на подарокот што го добија од моторџиите – музички систем.

Осумстотини моторџии од целава земја, парите што ги собраа од мото забавата што се одржа на езерото Младост, ги донираа за да им купат подарок на овие деца, вели председателот на мото клуб „Носачи на крстот“,  Горан Јовиќ.

Штитениците на Дневниот центар многу се израдуваа. Прво на невообичаените гости на мотори, а потоа и на музиката од системот.

Нивните учители велат дека сега ќе има уште поубави забави за децата од Дневниот центар во Велес. Од мото клубовите велат дека не застануваат тука. Манифестациите кои ќе ги одржуваат и во иднина ќе бидат хуманитарни.

Motordzii2 Motordzii4 Motordzii6

Извор: 5fm

Back To Top