Мотоциклистичката федерација на Македонија го објави календарот на трки за 2020 година.
Според планот трки ќе се возат во шампионатите од брзински мотоциклизам, ендуро и мотокрос.
Она што е интересно е дека по подолга пауза планирани се трки со скутери, а новина се и трките од БМУ Мото класик шампионатот кои се предвидени да се возат на патеката во Кичево.
Кај ендуро шампионатот во календарот се ставени 4 трки исто како и во календарот за мотокрос.