Макпетрол во својот салон за Хонда мотоцикли ги изложи новите модели Honda VFR1200X и CB1100 ABS.

honda-vfr1200x-2013-1

Макпетрол во својот салон за Хонда мотоцикли ги изложи новите модели Honda VFR1200X и CB1100 ABS. 

Прекрасниот Honda VFR1200X всушност е „Special edition“ на моделот кој беше претставен минатата година. Новата графика го издвојува од останата глутница на VFR-и, доаѓа со „ABS“, „Traction Control“ и штитници за рацете, а може да биде ваш за цена од 13.890 евра.

Новиот Honda CB1100 доаѓа во ретро стил но со нова технологија. Препознатливиот и безвремен дизајн е надополнет со додатоци како „ABS“ системот, инструмент табла на која има покажувач на брзини, а за агрегатот се грижи традицијата и квалитетот на Хонда. Новиот CB1100 се продава за цена од 11.990 евра за моделот со „ABS“. 

Back To Top