Половина век подоцна Z линијата на Kawasaki гордо стои на стои на своите темели. Ограничениот број Z650, Z650RS, Z900 и Z900RS модели сите со ознака Z50 сега достапни и кај локалниот дистрибутер - Мото Пром
Првиот модел со ознака Z и тоа ни помалку ни повеќе туку Z1 се појави во далечната 1972 година. Супербајк со четири цилиндири, креиран по стапките на Honda CB750 и ден денес е легендарен модел кој ја ужива својата слава. Инспирацијата за новата јубулејна серија Kawasaki ја влече од Z1100GP од осумдесетите на минатиот век.
Петарда црвена, или подобро би звучело на англиски ‘Firecracker Red’ е бојата чиј контраст е засилен со сребрени и сини ленти а заедно со златното јубулејно лого ги красат новите модели од серијата Z. Црвените тркала со машински ицртаните алуминиумски фелни обезбедуваат уште едно поврзување со оригиналниот изглед на оваа серија. Златната вилушка заедно со златното лого го заокружуваат јубиулениот изглед на Z650, Z650RS, Z900 и Z900RS моделите.
Сите наведени модели сега се достапни преку локалниот дистрибутер Мото Пром а од таму информираат дека за секој купувач на модел од оваа ограничена серија следува и книга посветена на полувековната историја на моделите.