Добрата пракса на официјалниот увозник и дистрибутер на CFMOTO во нашата држава продолжува.

Како и што најави самиот дистрибутер CFMOTO Македонија, не минатогодишниот есенски мото ден, оваа пролет организираат нов мото ден на кој заинтересираните потенцијални купувачи, но и љубопитни мотоциклисти ќе имаат шанса да ги пробаат најатрактивните модели од нивната понуда. 

Мото денот ќе се организира на 7 мај, сабота, на локацијата на самиот застапник на ул. „Пролет” 4а, кај Тутунски комбинат. Почетокот на овој промотивен настан е закажан за 10 часот. 

cf moto test

Како што најавуваат самите организатори од самиот почеток во 10 часот, љубителите на мотори и брзина ќе имаат можност да се запознаат со новите, но и постари модели на овој брзорастечки бренд во powersport индустријата и исто така да ги испробаат при тест-возење. Овој настан предвиден е пред се за рекреативно возење,и има за цел да обезбеди возбудливи и забавни искуства низ предвидената рута за сите нивоа и типови на возачи.

Од целата понуда на брендот за тест-возење ќе бидат достапни во моментов најатрактивните модели на пазарот. Се разбира тука е најбараниот мотор од минатиот тест ден, MT 800 ABS, но покрај него за тест возење ќе бидат достапни и MT 650 ABS – сестран мотоцикал со богата опрема, современа техника, одлична агрономија… GT 650 ABS –  по спортски модел но со удбност за долги патувања и опрема достојна за турер модел и импресивниот NK 300 ABS, градски современ стартер подготвен и сигурен за млади возачи. 

CFMoto moto day

Доколку сте подготвени да пробате некои од овие модели може да се пријавите и да го закажете вашето тест возење на 7 мај  преку повик на тел. број 075 358 533 или да им пишете порака на CFMOTO Македонија на Facebook - Cfmoto Macedonia  или Instagram - cfmoto.macedonia

Организаторите велат дека предност ќе имаат искусните ,,зависници’ на мотори кои се постојани возачи со важечка возачка дозвола.

Back To Top