med-PICT3902

Иако звучи неверојатно, оваа сторија е една од оние кои би биле смешни доколку не се трагични. Градот Рим и испратил сметка за „чистење“ во износ од 725 евра на мајката која го загубила својот син во сообраќајна несреќа со скутер во 2009-та година.

На адресата на Алесандра Мецети пристигнала сметка од јавното претпријатие за чистота на Рим, во која се наведени услугите за чистење на крвта од улицата по трагичната несреќа со скутер по која починал нејзиниот син. Како што било наведено во објаснувањето, градот морал да испрати посебна машина за чистење на остатоците кои доколку не биле исчистени можеле да претставуваат опасност за останатите возачи (!?)

Она што е нај трагично е тоа што несреќата се случила откако скутерџијата удрил во улична светилка која била поставена на погрешно место, а која била отстранета веднаш по несреќата.

Сепак дека не се сите политичари бесчувствителни покажа и гестот на градоначалникот на Рим кој откако дознал за настанот на својот твитер профил напиша дека тој ќе се погрижи за сметката и ќе побара одговорност од оној кој ја испратил истата до г-ѓа Мецети.

Back To Top