2 Ride Holding Group, компанијата сопственик на Shark, објави дека ја купиле италијанската компанија Nolan Group.

Француската групација 2 Ride Holding Group е сопственик на брендовите Shark, Bering, Segura, Bagster и Cairn. Nolan Group пак под своја закрила ги има Nolan, X-Lite и Grex најпопуларните брендови за кацига на Европскиот пазар.

sharknolan

Нолан е Италијанска компанија основана во 1927 година во Бергамо каде што до денешен ден се произведуваат кацигите од овој бренд. Од друга страна Шарк постои на пазарот 30-на години, дизајнот за кацигите се прави во Франција, но изработката е во Тајланд. 

Сите компании кои се под закрила на Nolan Group работат на делови за изработка на кациги, со исклучок на N-Com кои се задолжени за комуникациските системи, кај Shark освен кацигите се произведуваат и аксесоари, облека и други делови за мотоцикли. Со додавањето на Нолан под своја закрила Шарк со сигурност ќе се издвои како производител и ќе може значително да го зголеми производството.

nolan

Она кон што се стреми 2 Ride Holding Group според зборовите на сопственикот Патрик Франсоа е зголемување на уделот во Американскиот пазар, како и промовирање на нови достапни производи за глобалниот пазар. Според него двете компании веќе работат на заеднички производ. 

Во прес информацијата се вели дека во иднина се очекува заеднички настап под една групација која ќе вклучува повеќе од 1000 вработени и продажба со износ од 150 милиони евра во светски рамки. Се уште не е познато дали производството на Нолан ќе остане во Бергамо или новиот сопственик ќе се одлучи да го префрли во Тајланд.

Извор: motomag.gr

Back To Top