Погледнете како Хамилтон вози со мотоциклот на Роси а Италијанецот настапува со болидот на Mercedes.

Заедно имаат 15 титули и се дел од најдобрите возачи во историјата на мотоспортот. Оваа недела, Луис Хамилтон и Валентино Роси ги заменија местата. Хамилтон, кој има шест титули во Formula 1, на патеката во Валенсија возеше во Yamaha мотоциклот на Роси. Италијанецот, кој пак има девет титули во MotoGP, го испроба болидот на Mercedes.

hamilton valentino txt 1 12 12

hamilton valentino txt 2 12 12

„Искрено, ова беше една неверојатна година а овој настан е врвот“ , изјави Хамилтон кој изминатава сезона ја освои шестата титула Светски шампион. „Не верував дека во декември може да ми се случи нешто вакво.“

Иако Британецот веќе има искуство со мотоцикли, прв пат настапува со MotoGP машина. А после пауза од девет години и Роси настапи со Фурмула 1 болид. Покрај тоа што уживаа, двајцата возачи постигнаа и добар резултат.

hamilton valentino txt 3 12 12

Роси постигна за само 1.5 секунди побавно време од резултатот кој Хамилтон го има постигнато во F1. Британецот пак беше за 4 секунди побавен од резултатот на Роси.

„Мотоциклот е многу тежок за возење“, изјави Хамилтон. „Малку бев несигурен на почеток но за среќа се заврши во најдобар ред. Морав постепено да го навалувам мотоциклот.“

hamilton valentino txt 4 12 12

hamilton valentino txt 5 12 12

hamilton valentino txt 6 12 12

34 годишниот Хамилтон и Роси кој има 40 години, долго време се дел до најдобрите возачи во своите категории. Со ова несомнено покажаа дека имаат голем талент, без разлика на тоа со каква машина возат.

hamilton valentino txt 7 12 12

hamilton valentino txt 8 12 12

Back To Top