Група на возачи од Шпанија кои се движеа со 200 км/ч , за само четири минути направија 2 кривични дела и 39 прекршоци.

Сите сме го правеле тоа. Убаво време, чист пат пред нас и веднаш се чувствува адреналинот. Овие услови на патот го прават групното возење навистина лесно.

speeding motorcycles

Се чини дека токму тоа било и случајот со оваа група на возачи, кои уживаа во убавото време во Шпанија. Но проблемите настанаа кога еден од нив одлучи да ја вклучи GoPro камерата и да снима се што се случува.

А наместо снимката да ја чува за себе, тој одлучи да ја сподели на социјалните мрежи. Ова пак предизвика големи проблеми за него и за неговите колеги.

https://youtu.be/GCrJ7HsUyUY

Во четири минутното видео можеме да видиме како возачите се движат со брзина од 200км/ч на место каде е дозволено 90 км/ч. Возачите си добија казна од 14.100 евра како и 132 казнени поени.

Полицијата во Ла Риоха, Шпанија, почна да го анализира видеото веднаш штом тоа се појави на интернет. А за само четири минути возачите направија 2 кривични дела и 39 прекршоци.

На двајца од возачите им се заканува затворска казна поради невнимателно возење и надминување на дозволената брзина.

Мислам дека слободно можеме да кажеме дека никогаш повеќе нема да помислат да се снимаат додека возат.

Back To Top