Започна одбројувањето до петтото издание на Distinguished Gentleman’s Ride, настан кој ќе се одржи на 27-ми септември.

Настанот, кој се одржува петта година година по ред во Македонија, а деветта во Светот, досега собра 26.386.924 долари (1.706.682 во 2020) кои се донирани во хуманитарни организации во борбата против машките болести. Организаторите на настанот очекуваат оваа година дел од манифестацијата да бидат преку 47 илјади возачи од 104 земји.

gentlemans ride txt 2 07 08

„Навистина сме возбудени што Distinguished Gentleman’s Ride прерасна во еден од најголемите хуманитарни настани во светот“, изјави основачот Марк Хава. „Ова го постигнавме благодарение на сите возачи, кои го зедоа при срце овој концепт и го кренаа на едно повисоко ниво. “

gentlemans ride txt 07 08

„Исто така среќни сме што ја имаме оваа голема поддршка од мото заедницата и големиот број на партнери кои имаа важна улога во растот на оваа манифестација.“

Галерија од Distinguished Gentleman's Ride во Скопје.

„Оваа година имаме за цел да го организираме најголемото и најуспешното возење досега. Затоа, без разлика во кој град или држава живеете, придружете ни се.“

gentlemans ride txt 3 07 08

Повеќе информации за целиот настан можете да дознаете на нивната официјална веб страна.

Back To Top