Шпанецот успеа да ја избегне машаницата во последниот круг и да заврши пред Арболино и Дала Порта.

Маркос Рамирез (Leopard Racing) имаше перфектен настап и успеа да победи на Британската Гран При трка. Тој го презеде водството во последниот круг и остана таму до самиот крај на трката. Борбата за останатите места на подиумот се одвиваше меѓу Тони Арболино (VNE Snipers) и лидерот на табелата Дала Порта (Leopard Racing).

Арболино имаше одличен старт на трката а Дала Порта иако ја загуби втората позиција сепак за кратко време успеа повторно да се врати на истото место. Џон МекФи се најде на третото место откако успеа да го претекне тимскиот колега Ајуму Сасаки.

Сепак, пред крајот на првиот круг, Дала Порта повторно беше во водство и во одлична позиција со оглед на тоа дека главниот ривал, Арон Канет беше тринаесети. Во истиот момент додека првите тројца возачи, Дала Порта – Арболино – МекФи, се издвојуваа напред, Канет доживеа нова несреќа откако беше соборен од страна на Алберт Аренас (Sama Qatar Angel Nieto Team). Тој успеа да се врати на патеката но беше на последното место.

Канет се обиде да се избори за подобро место додека пак зад првите тројца имаше поголема група возачи кои се обидуваа да ги стигне. Аи Огура (Honda Team Asia) се обиде да се пробие на една од првите три позиции а Николо Антонели (SIC58 Squadra Corse) беше петти.

Дала Порта, Арболино и Рамирез беа возачите кои постојано беа во предност а по ист распоред влегоа и во последниот круг. Антонели, кој беше на четвртото место одблизу ги следеше.

Moto3 Silverstoun txt 2 26 08

Рамирез го претекна Арболино а по една грешка на Дала Порта, тој излезе во предност и стигна до втората Гран При победа.

Шпанецот беше недостижен а до крајот ни остана само уште борбата меѓу Дала Порта и Арболино. Иако мораше да се задоволи во третото место на подиумот, Дала Порта сепак ја зголеми предноста на табелата.

Антонели заврши на четвртото место на табелата и се најде пред тимскиот колега Тацуки Сузуки. Ајуму Сасаки заврши на шестото место додека пак домашниот возач, Џон МекФи беше седми. Денис Фоџиа (Sky Racing Team VR46) го освои осмото место и заврши со предност од само 0.025 секунди пред дебитантот Селестино Виети. Аи Огура беше десети а Хауме Масиа (Bester Capital Dubai) беше единаесети. Дерил Биндер (CIP - Green Power) го освои дванаесетото место.

Интересна беше и борбата за последните места кои носат поени. Канет, кој во еден момент се најде на последното место, успеа а се пробие до тринаесетата позиција и освои важни два поени.

Со ова заврши уште еден интересен викенд во Силверстоун. Дала Порта сега има предност од 14 поени а Канет, иако имаше лоша трка сепак успеа да стигне до поени. Не пропуштајте ја следната трка која се вози во Мисано за три недели.

Маркос Рамирез: „Денеска имав неверојатен ден. Стартував од деветото место но знаев дека имам потенцијал. Беше тешко во првиот дел бидејќи многу возачи се бореа за подобар пласман. Во вториот дел до трката направив неколку промени и почнав да ги претекнувам возачите кои беа пред мене. Во последните четири круга, сите тројца се боревме за подобар пласман. Во последниот круг се најдов на втората позиција. Во еден момент видов како Лоренцо премногу широко влегува во еден свиок и знаев дека тоа е мојата шанса да дојдам до подобар пласман. Во последниот свиок дадов се од себе и успеав да дојдам до првото место. Сакам да се заблагодарам на тимот и на мојата фамилија за целата подршка која ми ја даваат.“

Back To Top