Чави Виерге ќе премине од Marc VDS во тимот на Petronas.

Чави Виерге потврди дека ќе го напушти тимот на Marc VDS и во сезоната 2020 ќе биде дел од силниот тим на Petronas кој ќе се натпреварува во Moto2 шампионатот.

Возачот кој три пати се најде на подиумот во Moto2 серијата ќе му се приклучи на Каирул Идхам Пави, кој пропушти голем дел од сезоната поради повреда на раката.

Постоеја гласини дека Малезискиот тим следната сезона ќе се врати во Moto3 шампионатот а исто така се зборуваше и дека Јохан Зарко, Алекс Маркез, Хафиз Сиахрин би можеле да станат дел од тимот во Moto2 серијата.

Од екипата велат дека се надеваат дека Пави ќе биде подготвен за настап покрај Виерге.

„За Petronas Sprinta Racing потпишувањето на договор со Чави Виерге преставува голем напредок“, изјави првиот човек на тимот, Разлан Разали. „Прво, тој е брз и докажан возач кој може да се бори за место на подиумот.“

„Второ, ние го прошируваме тимот и ќе имаме двајца возачи во Moto2. Следната година планираме да имаме по двајца возачи во секоја од сериите. Ова беше тешка сезона за нас и се надеваме дека Пави ќе биде подготвен да вози покрај Чави следната година.“

Vierge txt 1 06 09

Виерге, кој во моментов му е тимски колега на лидерот во Moto2 серијата, Алекс Маркез, оваа сезона три пати стартуваше од првиот ред. На трката во Аргентина ја освои пол позицијата. Сепак, поради неколку несреќи како и технички проблеми, тој во моментов е на четиринаесетото место на табелата. Најдобар резултат оваа година му е петото место.

Исто како Marc VDS и Petronas во моментов користи Kalex шасија.

„Чави има големо искуство и мислам дека одлично ќе се снајде во нашиот тим“, изјави директорот на тимот Јохан Штигефелт. „Тој е вистинскиот возач кој ќе ни помогне да напредуваме во оваа категорија.“

„Оваа година е тешка за нас но со два мотоцикли и возач како Чави, очекуваме големи подобрувања во 2020 година.“

Дополнителен мотив за Виерге ќе биде и можноста во 2021 година да стане дел од MotoGP тимот на Petronas, доколку некој од Морбидели или Куартараро одлучи да си замине.

„Навистина сум среќен и едвај чекам да почнам со проектот. Petronas Sprinta Racing  се неверојатни. Веќе се борат за победа во Moto3 и MotoGP. Се надевам дека седната година ќе му донесам успех на тимот“  , изјави Виерге.

„Имаат голем потенцијал, знам неколку луѓе во тимот и тие веќе веруваат дека заедно можеме да стигнеме до победа. Им благодарам на сите кои ми го овозможија ова.“

„Првата цел ни е да имаме добри зимски тестови за веќе од трката во Катар да почнеме да се бориме за победа.“

Следната сезона местото на Виерге ќе го преземе Сем Ловс. Во моментов тимот има уште едно место слободно во Moto3 серијата.

Back To Top