Дмитри Колтаков е осум кратен шампион во „ Ice speedway “ тркањето. Ова е спорт во кој возачите возат по мраз со остри шила закачени на нивните гуми.  Има посебна причина поради која ги нарекуваат гладијатори. Ние имавме можност да разговараме со еден таков натпреварувач за да дознаеме нешто повеќе за овој спорт.

Дмитри, за оние кои не знаат што е  „Ice speedway“, можеш ли накратко да ни објасниш?

„Малку е лудо. Возиме мотоцикл на мраз а самата патека има овална форма.  На пневматиците има закачени остри шила кои ја пробиваат површината на мразот. Исто така треба да напоменам и дека нашите мотоцикли немаат сопирачки.“

dmitri koltakov 2

Имам слушнато дека гумите кои што ги користите вие имаат подобар контакт со површината отколку офроуд пневматиците.

„Токму така. Всушност, многу лесно можете да заборавите дека возите на мраз. Шилата го пробиваат мразот и имате многу добра контрола над мотоциклот. Но за време на трката, условите секогаш се менуваат.Колку повеќе кругови поминувате толку е послаб контактот со површината. Тоа секогаш е предизвик.“

dmitri koltakov 3

Што те навлече на вакви трки?

„Започнав со мотокрос во близина на градот каде што израснав. Тренирав заедно со Николај Красников. Тој не само што ми е пријател туку е и најуспешниот возач на мраз. Досега има победено околу 20 пати. Тој прв ми кажа дека мојот стил на возење перфектно одговара на вакви трки. Првиот пат кога пробав да возам на мраз, веднаш знаев дека тоа сакам да го правам.“

Носиш ли некаква специјална заштита кога си на патеката со оглед на тоа дека сите мотоцикли околу тебе имаат остри делови на пневматиците?

dmitri koltakov 4

„Поголем дел од мојата опрема е многу слична со онаа која ја имаат возачите во мотокрос. Носам две различни обувки. На десната нога имам чизма од мотокрос  а на левата нога имам чизма која е во стилот на MotoGP. Едната ми дава поголема заштита додека пак другата е многу пофлексибилна. На левата нога имаме специјална заштита во случај да дојдеме во контакт со другите мотоцикли.“

Три кратен индивидуален светски шампион и пет пати екипен шампион. Која е твојата тајна?

dmitri koltakov 5

„Тоа ќе остане тајна. Верувам дека тоа најмногу се должи на мојата работна етика. Знам која е целта која сакам да ја постигнам и постојано сум фокусиран. А фактот дека многу работи научив и од најдобриот возач во овој спорт, Николај Красников, исто така помага.“

Ова очигледно е зимски спорт. Што правиш во текот на летото за да ја задржиш формата?

dmitri koltakov 6

Во останатиот дел од годината тренирам мотокрос.  За тоа возење користите други мускули и затоа голем дел од времето го поминувам и во сала за вежбање.

dmitri koltakov 7

Back To Top