Останато

85.000 лица ќе бидат дел од манифестацијата „Distinguished Gentleman's Ride 2018“

По две успешни организации на големиот хуманитарен настан „Distinguished Gentleman’s Ride”, Скопје и оваа година ќе биде дел од истиот.

Следете нè на:

 

Третиот по ред настан од овој тип кај нас ќе се одржи на 30 Септември 2018 година, на територијата на град Скопје, каде што ќе имаме прилика да видиме 126 навистина интересни моторцикли, управувани од господа и дами во официјална гардероба.

dgr skopje 2017 54

Точно 85.695 возачи ќе бидат дел од овогодинешниот „Distinguished Gentleman's Ride“ кој ќе се оддржи во недела, 30-ти септември. Досега се собрани  4.072.787 долари кои ќе бидат наменети за фондацијата „Movember“

Настанот е идеја на Австралискиот возач Марк Хона и за прв пат се оддржа во 2012 година низ 16 земји ширум светот. Оттогаш па се до денес, собрани се повеќе од 16 милиони долари кои се наменети за подобрување на машкото здравје. Оваа година настанот ќе се оддржи во 95 земји.

Зборувајќи за време на претставувањето на настанот, Хона изјави: „Во 2011 година, кога организирав настани со „Sydney Cafe Racers“, немаше шанси да слушнете како маж зборува за рак на тестисите. Пред две недели организирав сличен настан и двајца возачи отворено зборуваа за тој проблем. Една од целите кои сакавме да ги постигнеме со овој настан е мажите отворено да зборуваат за овој проблем. Овие настани ги приближуваат луѓето. Се забавуваат, создаваат заедници и како резултат на тоа, тие заедници им помагаат на другите луѓе. Ние сакаме да им покажеме на луѓето дека моторџиите се добри луѓе.“

Но дури и да не возите можете да волонтирате на настанот.

dgr skopje 2017 16

Целта на манифестацијата

„Distinguished Gentleman's Ride“ и фондацијата „Movember“ заедно собираат средства кои се наменети за истражување на ракот на тестисите како и на голем број на програми за ментално здравје ширум светот. Ракот на простатата е вториот најчест облик на рак кај мажите и често се развива без да се забележат симптомите во раните фази на болеста.

Фондацијата „Movember“ исто така помага во истакнување на здравствените проблеми кај мажите. Речиси 510 000 мажи секоја година вршат самоубиство.

Основачот на фондацијата „Movember“ вели: „Сите ние возиме мотоцикли и привилегирани сме што сме партнери на манифестацијата. Со ова започнавме во 2006 година и јас досега веќе имам загубено еден пријател кој се самоуби.  Жените разговараат директно за проблемите но мажите не се такви. Момци, не бидете такви. Низ годините сме имале голем број на приказни од возачи кои имале таков проблем во своите фамилии како и некој што се соочува со ментални проблеми. Секоја минута по еден човек си го одзема животот.“

Како изгледаше настанот минатата година можете да погледнете во продолжение:

За останати информации околу самиот настан контактирајте го Благоја од The Distinguished Gentleman’s Ride Skopje.

Би можело да ве интересира

Макпетрол објави голем попуст на целата своја програма, вклучувајќи ги мотоциклите од Хонда, мото опремата и кацигите.

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.