Јоан Бареда го презеде водството на релито Дакар 2021. За возачот на Honda ова е 25-та победа во кариерата.
Бареда беше во водство во текот на целата етапа од Биша до Вади Ад-Давасир во должина од 457 километри. На крајот тој заврши со предност од 3 минути и 55 секунди пред минатогодишниот победник и тимски колега, Рики Брабек. На третото место се најде возачот на Husqvarna, Пабло Куинтанила кој заостануваше 6 минути и 2 секунди зад победникот.
Рос Бранч од Yamaha и вториот тимски колега на Бареда, Хозе Игнацио Корнехо, ги комплетираа првите пет места.
„Ова беше навистина добра етапа“, изјави Бареда. „Уште од првиот километар моравме да нападнеме и морам да признаам дека се помина како што треба. Но ова е само втора етапа од релито и свесни сме дека утре повторно ќе биде тешко. Мораме да останеме смирени и да се обидеме да не направиме никаква грешка. Мораме да одиме дел по дел.“
Red Bull KTM Factory имаше тешка втора етапа. Тоби Прајс ја почна стазата од лидерското место но имаше проблем со песочните дини и со дотокот на гориво. Поради тоа возачот на КТМ заврши 32 секунди зад Бареда. По завршувањето на етапата, Прајс се најде на петнаесетото место во генералниот пласман а разликата со лидерот Бареда изнесува 17 минути и 39 секунди.
Тимските колеги на Прајс, Сем Сандерленд и Матијас Валкнер, исто така имаа проблеми. Британецот Сандерленд загуби 23 минути и заврши на 12-тото место. Полошо помина Австриецот Валкнер кој поради проблеми со кумплугот загуби 2 часа и 15 минути. Тој се симна дури на 46-тото место и речиси сигурно ги загуби шансите за титулата.
Лош ден имаше и возачот на Yamaha, Ендрју Скот. Американецот стана првиот возач кој поради механички проблеми мораше предвреме да го заврши релито.
„Секако дека е разочарувачки кога морате на овој начин да го завршите релито“, изјави Шорт. „Се чуствував добро на мотоциклот и работите се одвиваа добро. Но со оглед на тоа дека релито Дакар се оддржува само еднаш во годината, фрустрира кога на овој начин морате да ја завршите трката. Сепак, ќе се вратам следната година. Благодарен сум што сум здрав но сепак сум разочаран бидејќи цела година се подготвувавме за оваа трка. Но свесен сум дека вакви работи се случуваат на трките. Им посакувам се најдобро на моите тимски колеги, знам дека оваа година ги чека тешка трка. “
Неговиот сонародник, Скајлер Ховс, имаше уште еден солиден настап откако го освои единаесетото место со заостанување од 14 минути и 15 секунди зад Бареда. Во моментов Ховс се наоѓа на осмото место во генералниот пласман.
2021 Dakar Rally Motorcycle Results—Stage Two (top five)
1 | Joan Barreda | Hon | 04h17m56s |
2 | Ricky Brabec (USA) | Hon | +03m55s |
3 | Pablo Quintanilla | Hus | +06m02s |
4 | Ross Branch | Yam | +11m54s |
5 | Jose Ignacio Cornejo | Hon | +12m06s |
11 | Skyler Howes (USA) | KTM | +18m01s |
2021 Dakar Rally Motorcycle Results—Overall (Stage Two)
1 | Joan Barreda | Hon | 08h15m38s |
2 | Ricky Brabec (USA) | Hon | +06m23s |
3 | Ross Branch | Yam | +06m37s |
4 | Pablo Quintanilla | Hus | +07m16s |
5 | Xavier De Soultrait | Hus | +08m25s |
8 | Skyler Howes (USA) | KTM | +09m31s |