Обично овој период пишувавме за најновите мотоцикли на MotoGP тимовите. Но оваа година е поинаква од останатите.

Наместо да се подготвуваме за тестот во Сепанг, кој првично беше закажан за 19-ти февруари, како и поголем дел од новинарите кои го следат MotoGP, стартот на сезоната ќе го проследиме од дома.

За жал, веројатно така ќе биде цела сезона. Според последните информации, на новинарите нема да им биде дозволен пристап на некоја од трките. Барем во првата половина од 2021 година. Но, да гледаме на добрата страна, барем ќе има трки оваа година.

Стартот на сезоната официјално почнува утре со презентација на Ducati Factory MotoGP. Настанот ќе може да се следи на нивната интернет страна како и на официјалниот канал на YouTube со почеток од 16 часот.

Новинарите ќе имаат можност да разговараат со шефовите на Ducati, Џиџи ДалИгна и Паоло Чиабати како и со новите возачи, Џек Милер и Пеко Бањаиа.

Набрзо после Ducati, ќе следува презентација и на останатите екипи.

 DSC3195 copy copy copy

За следниот понеделник е закажана презентацијата на Monster Energy Yamaha. Тогаш ќе биде преставен Фабио Куартараро кој ќе биде нов тимски колега на Маверик Вињалес.

Двата тима кои се дел од LCR Honda, неколку дена подоцна ќе имаат презентација која ќе биде пренесувана на Facebook. Алекс Маркез ќе биде преставен на 19-ти февруари додека пак Такааки Накагами ќе биде презентиран веќе следниот ден. Возачите на Repsol Honda, Марк Маркез и Пол Еспергаро ќе бидат преставени на 22-ри февруари.

 DSC3631 copy copy copy

Се очекува да има голема заинтересираност за презентацијата на Repsol Honda на која за прв пат по долго време се очекува да се појави Марк Маркез. Многу прашања сигурно ќе се однесуваат за тоа дали е подготвен за настап и до каде е неговата рехабилитација.

Технички гледано, претставувањето на Ducati не е прво. Минатата недела Avintia/Sky VR46 Ducati, за кој настапуваат Енеа Бастианини и Лука Марини ја имаше својата презентација.

Што се случува?

Како што го чекаме стартот на сезоната, многу малку информации излегуваат во јавноста. Еве накратко неколку од најинтересните вести во моментов.

Она што не изненади во изминатава недела беше големиот пожар кој ја зафати патеката во Аргентина. Иако трката веќе беше одложена, штетата која настана го става во опасност оддржувањето на трката.

MotoGP LAST A fire devastates the Termas de Rio

Според Speedweek, пожарот настанал како резултат на краток спој кој се случил во делот каде што се одвиваат градежни работи.

Фаусто Гресини и Ковид 19

Тука е и тажната вест за Фаусто Гресини кој веќе подолг период се бори со Ковид 19. Италијанскиот тимски менаџер го фати вирусот кратко пред Божик. После краток престој во болницата во Имола, тој е префрлен на одделот за интензивна нега во болницата во Болоња.

fausto gresini aprilia racing

Иако веќе не е во медицински индуцирана кома, состојбата на Гресини останува сериозна. Ова е тежок период за тимот а сите кои се дел од MotoGP му посакуваат брзо оздравување.

Променет свиокот број 10 во Барселона

Една позитивна вест ни доаѓа од Барселона. Патеката доби дозвола да направи промени на свиокот број 10. Уште од трагичната смрт на Луис Салом во 2016 година, патеката користеше „F1 hairpin“ наместо класичниот, долг, свиок кој се користеше до тогаш. Како причина за промената е навед недостатокот на простор од надворешниот дел од свиокот.

catalunya montmelo circuit motogp map

На патеката е направена едноставна промена а правецот помеѓу свиоците 9 и 10 е скратен за неколку метри. Ова е добра вест за возачите бидејќи новиот свиок многу повеќе одговара за трките со мотоцикли.

На овој дел во минатото се случија неколку интересни борби. Марк Маркез и Пол Еспаргаро се судрија тука во 2012 година додека и двајцата беа дел од Moto2. Еспаргаро заврши надвор од патеката а судирот предизвика многу контроверзи.

Договори

Неколку екипи, пред се фабричките, веќе ги продолжија договорите со MotoGP до 2026 година. Тие се важни бидејќи ги гарантиера местата на патеката во следните 5 години.

Тоа исто така значи и стабилност на техничките регулации. За време на тој период, ќе бидат дозволени мали промени. Dorna и MSMA ќе имаат доволно време да ги разгледаат правилата и да одлучат дали е потребна поголема промена во однос на капацитетот на моторот, видот или пак некои други слични работи.

Се очекува сите шест производители да ги продолжат договорите а истото би требало да го направат и останатите тимови.

 DSC3739

Засега KTM, Honda и Ducati ја продолжија соработката а истото го направи и LCR. Наскоро се очекува истото да го направат и Suzuki, Yamaha и Aprilia.

Aprilia и Gresini ќе одат по различни патишта а се очекува наскоро Aprilia да се натпреварува како фабричка екипа додека пак Gresini повторно би требало да биде независен тим.

Препорачани текстови

Легендата Валентино Роси многу малку се појавува во медиумите. Нормално, тој има само телевизиски интервјуа кои се дел од неговите маркетинг договори. Интервјуата за печатени медиуми се многу ретки. Италијанскиот дневен весник, Corriere della Serra имаше среќа и успеа да дојде до интервју со Роси, негово прво за еден печатен медиум откако се приклучи на Petronas Yamaha.

Но сепак, иако прилично долго, интервјуто не ни откри нешто што веќе не го знаевме. Роси зборува за проблемите кои ги предизвика пандемијата. Од една страна, како што вели, има повеќе време за тренинг, но од друга страна, пандемијата преставува проблем за социјализација со други лица.

 DSC3753 copy copy copy copy

„Како да живееме во периодот кога имаше чума“, вели Роси.

Во интервјуто тој зборува и за причините зошто сака да продолжи да се натпреварува а како причина за тоа ја наведува желбата за победа. Сепак, како што вели, денеска е многу потешко да се дојде до победата бидејќи на патеката има голем број на квалитетни возачи.

Вели дека жали што го загубил местото во Yamaha а како причина за тоа го наведе фактот дека сега договорите се потпишуваат многу порано, дури и пред стартот на сезоната 2020. Исто така вели и дека е апсурдно тоа што возач каков што е Андреа Довициозо нема договор со ниту еден тим. Во дел од интервјуто Роси зборува и за Марк Маркез. Италијанецот се уште е огорчен од настаните кои се случија во 2015 година.

„Невозможно е да му простам на Марк за тоа што го направи“, вели Роси.

Во интервјуто Роси вели дека Маркез не е најдобриот возач со кој се соочил на патеката, што е помалку чудно со оглед на тоа дека во седумте сезони колку што се натпреваруваат заедно, Италијанецот само еднаш завршил на подобра позиција од Маркез.

Honda Јапонија

За оние од вас кои знаат Јапонски, има интересно интервју со првите луѓе на HRC, Тецухиро Кувата и Текехиро Којасу кои зборуваат за „mr-Bike.jp“.

Целото интервју е интересно но делот кој го издвојуваме е посветен на Марк Маркез. Според Кувата, доколку Маркез не биде подготвен за стартот на сезоната 2021, тогаш неговото место во тимот ќе го преземе Стефан Бредл. Тоа значи дека Андреа Довиџиозо нема да го пополни местото на Шпанецот, иако многумина сметаа дека ќе се случи тоа.

Back To Top