Валентино Роси во голем стил ја заокружи сезоната 2016 откако успеа да ја одбрани титулата на релито во Монца. На крајот тој заврши со предност поголема од 20 секунди пред  возачот на Хјундаи, Дани Сордо.

AU1532228

Роси, кој традиционално ја завршува сезоната со ова рели, призна дека по минатогодишниот тежок крај на MotoGP сезоната, ова рели му била одлична можност да избега од притисокот и да настапи пред домашната публика.

Бидејќи во моментов важи забраната за тестирање во MotoGP, а следната сезона ќе започне за неколку месеци, Италијанецот призна дека добро би му дошло одмор по интензивните, последни два месеци.

„Сега ќе се обидам да се релаксирам бидејќи сезоната беше многу долга и имаше голем притисок. Од вечерва, официјално сум на одмор. Ќе останам дома и се надевам дека ќе падне снег за да можам да скијам.“

Викендот беше добар и за останатите членови на тимот VR46. Шефот на Suzuki MotoGP, Давиде Бривио и неговиот брат, Роберто, завршија на петото место, а неговиот најдобар пријател, Учио Салучио беше деветти.

a395cea 1

Back To Top