По замрзнување на развојот на мотоциклите заради намалување на трошоците во време на пандемија, конечно ќе можеме повторно да присуствуваме на нови генијални технолошки решенија во класата MotoGP. 

04 andrea dovizioso gg21743 2.big

Првиот тим кој ги презентираше новите бои и новите членови, беше тимот на WithU RNF Yamaha односно минатогодишниот тим Petronas SRT Yamaha. По распадот на стариот тим, мистичниот шеф Razlan Razali собра дел од старата екипа која во првите сезони во 2019/20 година успеа да направи чуда со помош на одличните возачи Fabio Quartararo и Franco Morbidelli. 

Минатата сезона ќе сакаат да ја заборават затоа што 9-то кратниот светски шампион Rossi едвај чекаше да заврши последната негова сезона во која беа најизразени хроничните проблеми со тракција, причинети од неможноста да се прилагоди на пневматиците, како и проблемите со повредата на Franco, по што не успеаа да најдат соодветна замена. Како замени за Morbidelli се изредија Crutchlow, Gerloff, Dixon и конечно Dovizioso кој останува во тимот и оваа сезона.

04 andrea dovizioso gg21110 2.big

Токму Andrea е, разбирливо, најавен како лидер на тимот од кој се очекуваат (пре)високи резултати. Па така тимскиот шеф, Малезиецот Razlan, кој го именуваше тимот според иницијалите на неговите деца, најави дури и атак на титулата за оваа сезона.

Искусниот Италијанец кој е трикратен вицешампион и единствениот кој успеваше да му парира на Marquez во последните сезони, е многу порезервиран и свесен за процесот кој следи.

Најпрво M единицата ќе треба да покаже видлив напредок во однос на минатата сезона во која дури и шампионот Quartararo единствен успеа да извлече максимум од моторот.

Понатаму, по 8-те сезони возени на сосема различниот Ducati потребно е дополнително време за адаптација. Како што вели Andrea, треба да си го прилагоди стилот на карактеристиките на моторот што само по себе бара заборавање на некои навики.

Тука се секако и новата генерација на ултра брзи возачи како и останатите тимови кои сигурно ќе напредуваат во однос на минатата сезона.

40 darryn binder gg21306 2.big

Вториот возач е “гуштерот” во класата Јужноафриканецот и помал брат на Brad, Darryn Binder кој како и Miller ја прескокна класата Moto2 и со само една победа во Moto3 доби неверојатна шанса. Повеќе е познат по многуте инциденти во најмалата класа, па дури и коментаторите често се потсмеваат кога младиот Binder влегува во дуел, најавувајќи потенцијален судир. Darryn има задача само да се држи настрана од инцидентите и да го учи однесувањето на тројно помоќниот мотор. 

Dovi ќе вози на најновата верзија на Yamaha M1 ’22 додека колегата ќе го вози ланскиот модел.

Ќе видиме дали промоцијата во театарот во Верона е само уште една претстава на Razlan, или новиот тим сепак ќе успее да се наметне како сериозен фактор во MotoGP.  

Back To Top